крајот е секогаш само крај
и потоа нема ништо повеќе
нема луксузна вила на море
веќе нема папа во рим
ни жената на соседот
и твоето веќе го нема
нема повеќе ривал што те убива
нема шеф да наредува
никаде нема загриженост
нема бог што те создал
но и ти веќе не си ти
и бог знае ако воопшто некогаш си бил
проблемот со смртта е само смртност
а инаку божем ќе заминеше