влегуваш во мислата на песната
и ја гледаш однатре
и гледаш како реката тече во неа
како те бакнува најслатката љубена
и слушаш како ѕвони ѕвонецот на смртта
како дува ветерот во пустината
и мирисаш на косена трева
и на жолтите лисје гинко[1]
и сонуваш за замок од камен
и за змијата во него
која внимава на твоите букви
и одделно на секој збор
потоа го пишував името на песната
и ако го избришеш
светот е уште попразен од претходно
[1 ]Вид дрво.