Звонко Карановиќ – Наводенет е патот во брдата

ќе ги облекуваме ли
сопствените тела во свечени костуми
за да им пркосиме на случувањата
или повторно ќе се откажеме
и ќе станеме циници

ќе си заминеме ли од домовите
и ќе му појдеме во пресрет на светот
или ќе им ги оставиме своите жени
на оние кои се подготвени
да победат

неспособен да ја задржам лутината во себе
излегов од куќата
седнав на клупа и ги набљудував
автомобилите како фрлаат
долги светла на тротоарите
и исчезнуваат во ноќта

нема креација без дрскост
љубов без претерување
мора да изгледаш како неволите
сами да те бараат а ти ги избегнуваш

еден ден ќе дознаеш
колку е возбудливо
да се стои
наспроти толпата

Translation by Jovica Ivanovski

mk_MKMK