Поети

Лауреат - 2006

Нанси Морехон

Куба

Биографија

Eднa од најистакнатите кубански поети и интелектуалци, Ненси Морехон има објавено повеќе од дваесет збирки поезија, три монографии, драмска песна, и шест критички студии на Кубанската историја и литература. Таа се здоби со меѓународна репутација за својата поезија, која е преведена на неколку јазици, и застапена во многу антологии. Меѓу многуте награди, таа е добитник и на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата (2006), и наградата Рафаел Алберти (2008).