ЧЕКАЊЕ
Да знаев дека уште те чекам
Со насмевка на времето
Која со мене излегува
По патиштата каде исчезна ти
Тебе те чекам
И си доаѓаат безимените радости
Задоцнети времиња со жива душа.
Камен ли сум
Ѕид ли сум
Ти длабока река што наудолу иташ
По релјефот
На неисполнетите желби