БЕЗ ДА ЗНАЕМЕ
Деновите кои ги живееме,
Нé приближуваат
До слатката ноќ.
Кога светулките
Трепкаат во полињата,
Се прашуваме
Дали нешто знаеме,
Додека го креваме
Гласот кон небесата,
И ја славиме
Радоста што сме живи.

Превод: Никола Ѓелинчески