Секојдневно чекорам во сенката
на раскрилениот орел
над мене
Ноќе ми се чини дека сум
слободен но наутро
штом ги отворам очите забележувам
дека лебди високо на истото
место и ги остри канџите
за мојата незаштитена шија
Господе стори нешто
за овој стар привремен
свет и намали го мојот нов страв
Севипrnиот татковски ме
погледа в срце и рече
зарем не гледаш дека орелот
во твојата сенка трепери
и без здив ги шири
своите неспокојни крилја
Превод: Никола Кукунеш