Се задумав да се загледам под појасот
каде можев да ја чувствувам болката
но се запрев за момент, уплашен
дека ќе ми фали некој дел од мене
продолжив надолу по скалите, делот што ми недостасува
уште со мене, и еве сум
легнувам в кревет со отсутното ми тело
(сè уште не гледам), и веќе не е важно
каде е раната, и џабе е
да се присетам како бев ранет
Дури и во војна, јас сум само минувач

 

Превод: Горјан Костоски