Музиката е кодот на универзумот
Така рекол Борхес
А ако јас тоа го речев
Би се нафрлиле врз мене
Колективно и поединечно
Ајде, Новаковиќ, не заебавај
Повторно, сакаш да бидеш посебен
И во посебноста да делуваш учено
Како да нема илјадници други начини да кажеш
Дека нешто не е во ред со тебе. Оди дома и спиј.