Кога и да те видам како статуа, распнат
сред некој градски плоштад
или обесен на некоја зафрлена планина на крајот на планетата
дење или ноќе
рамнодушен кон облаците дури врват
врз твојот бескраен прогон
не можам да не речам:
Врати се, врати се со мене
во Ерусалим…
ти го знам срцето:
ридовите се ринат
И знам дека крадците
уште работат како судии
и лажните сведоци
уште се облечени ко свештеници
и има недостаток од сè
освен неправда
Ама пак треба да се вратиш со мене:
Ние сме ти фамилија, сепак,
и јас, ко и ти, сум од камен исклесан

 

Твојата статуа на планината
е моја мака
и мојот единствен страв
е дека не можеш да ме чуеш

И дури ти се исповедам

од хотелскава соба во планинското подножје
ти исчезнуваш отаде облаците

 

II

Вчера не спиев
зјапав во една ѕвезда зад облаците

Како да кажам збогум

земјо на самбата и сиромаштијата?
Како да го оставам Кристо
сам врз неговата планина?

Вчера не спиев

и после денес мислам дека
никогаш веќе не ќе заспијам

 

Превод: Горјан Костоски