Има и такви, по поткровјата на Белград
Прилагодени во убаво уредени гнезда
Каде што маж на маж му е — жена

И не трешти кон нив мојата или твојата омраза
Поради смислата на таквиот однос и, се разбира,
подразбираната верност и љубовничката нежност

Туку прашањето: како и на кој начин успеваат
Сето тоа да го постигнат, и двајцата се во брак
И двајцата се вработени а имаат и деца, а еден дури и внуци.