Слоеви водена пара крчкаат во тавата, и полека
се креваат да ти ги галат контурите од градите

додека готвиш, замешувајќи зачини во морков, млеко,
и павлака – состојки што создаваат

рецепти од глад и страст. Додека топиш
шеќер и путер и нежно наросуваш

лушпи рендани листиња бадем,
уште слоеви миризлива пара ти ја обзема

свилата на кошулата – сега проѕирна од топло –
обојувајќи го надворешниот круг на брадавичките

до стврднат врв, вкусувајќи ја слатката
кожа, површината на насобрана плот,

до кремаст залак беспрекорен деликатес.

Превод: Ана Топенчарова