Изедов половина парче
Тој веќе смачка неколку, речиси целата лубеница.
Не ги чистеше семките, ја јадеше и кората

Следниот пат кога ќе јадеме заедно
Фруктозата на моето решение ќе биде: Ќе е јадам брзо како и тој
И, следниот пат, јадев брзо како и тој.

Следниот пат дури и побрзо.
И носот беше вклучен и веѓите
Брадата, може да се рече, риеше низ парчињата
Како да ги дополнува сите количества на неизедена правда

Но, пријателу, јас не би до недоглед, до крајот на животот
Секогаш да јадам побрзо од тебе
Да се полнам до гуша како што го правиш тоа ти
Потоа, подуен, да се преправам повеќе отколку ти

Јас би сакал повторно да научам како да се јадат лубеници
Се разбира, без семки и кора.
Јас би сакал свесно да уживам во бавното џвакање и голтање на сладоста.
Јас би сакал да јадам лубеница елегантно, како кравата детелина!