Луњата ме родила кој друг
таа е мој бог и лулка
чиј еден крај
во родните небеса веќе се откинал
ншп-ниш ми шепоти најдрагата
ншп-ниш ме фрла во соспите
Снегот е во куќата до над уста
блика отсекаде до врвот на кровот
снегот е мојата будност што папсува
ншп-ниш ме има и ме нема
ја слушам привлечната приспивна
ншп-ниш ја виори лулката
над ледениот цут
ншп-ниш куќата да одлета
во понорите на сонот ниш-ниш мајко
луњо пеј посилно
пеј му поrаловно на својот
буден син на снежниот облак
Превод Никола Кукунеш