Јас сум тој што лебди во прегратките на градот
Вресокот ја камшикува ноќта
Вечен, нескршлив
Зошто секогаш ножевите се обложени со седеф
Зошто црвената роза е како крикот на дервишот
Зошто толку громогласно се прелива од усните
Да, знам дека и вие го сакате синото
Знам дека црвената роза ве потсеќа на крв
Овена цвеќето на вашата песна
Ама како да се испее
Јас сум тој што лебди во прегратките на градот
Ако сакам можам да бидам крв која седи во вашите очи
Ако сакам можам да бидам слеп куршум по сокаците
Јас сум тој што лебди во прегратките на градот
Колку и да ми го криете името во писмата
Ме има во сите фотографии
На едниот крај скршен и потиштен
Бидејќи јас сум тој што лебди во прегратките на градот
Јас сум тој што ве чека во редици
Секогаш одсекаде што се појавува
Во темните ќошиња
Зад секоја врата
Јас сум тој што ве чека.
Превод: Ајлин Емин Скоро