Летна

мртва горештина –

влажност

што ги мори облаците

да пролеат дожд –

апсолутна

мирнотија –

секое ливче

врамнотежено,

колебливо,

желно,

трепетливо,

болно за да почувствува

 

 

Превод: Ана Топенчарова