Ноќта ми се движи
помеѓу звуците на Саба Факри[1]
и ритамот на Абдел Вахаб[2]
Некој пука од прозорецот
а некој повикува за смрт со вода
или смрт со пламен
самиот Ерусалим го снемува
но валцерот не прекинува
ни кога разгорените столбови на историјата
се рушат околу мене
ни кога ги гледам Ционистите
што се преправаат дека се крадци
што се преправаат дека се Ционисти
(толку се ситни
скоро невидливи)
Прифати го:
прифати го валцеров

 

Превод: Горјан Костоски

[1] Еден од најпознатите арапски пејачи на сите времиња, со кариера над педесет години (Заб. на прев.)

[2] Познат египетски пејач и композитор. (Заб. на прев.)