Ниту во овие дувла на сексот, каде што девојките коитираат фуриозно
Со заглушувачка музика и прекрстени снопови на рефлекторите
Ама ниту една не сакаше да му покаже на мојот возбуден мачор
Како си го поткренала здолништето над дупчето на папокот, расчекорена
Само за моите десетгодишни очи, постојано гурелави
А со колковите енергично си ги истуркала оризовите полиња на Италија
И моите стиснати усни ги рашири, како шпага, во најголем зев
Челото го вжари како рингла и нозете тенки од рахитис
Ги натера да се тријат една со друга како да се штурци
Иако беа повредени, бидејќи посиромашните од мене
Копилиња од населбата Драч, тие сурови, истетовирани Сијукси
Ги мафнаа еспадрилите на малата, соголена полјана
Поставени да глумат стативи, кога отрчав да пијам вода од чешмата

Лежам и го следам низ сеќавањето тоа суво облаче ејакулација
Додека сите околу мене во темнината на биоскопот маневрираат со
дланките
Па дури и сега ми црвенеат ушите а во главата ми бучи шприцањето
На цел еден вод војници, старци и локални силеџии
А моите истурени штички-раце како да го грабаат својот оброк
Како да се подготвуваат да го пуштат тегналото од моето тело со скокање
на сцената
За пред сите да се нурнам жабечки во платнениот квадрат на хименот
Но, перверзниот свет ме влече назад и крвнички ме стега
Под твоите стапала, меѓу базови ориз, во блатото
Па кога сакам да се вивнам до твоите гради клепките ми се склопуваат
Му се препуштам на тој мршавко да се закачи на краевите на твојата блуза
А јас да се гушам, место него, на дното и на врвот на својот здив
Извлекувајќи се од стегнатата кравата, за да не бидам обесен до крајот
Твоето име шишти од мојата уста, како воздух од празна чешма.