Цвеќињата си ги креваат главите,
Се смеат и се одделуваат од своите стебленца.
Се приближуваат во воздухот ко самовили,
Шарени и мигновни.

Не седи таму, старо магаре.
Во ноќта, насилство.
На сонцето, само три меури
Тераат мајтап.

Каде? рикам.
Каде што крадците
Се вљубуваат,
Се глупираат,
И ги убиваат.

Тоа што ми годеше вчера,
Денес, не.
Децата
Нé мачат.
Нивните мајки
Им честитаат.

Џвакам лиски од трендафили.
Ѕиркам и паѓа каскада
Од робови и мачеништва,
За да преправат едно волшепство.

Низ овој човечки ползавец,
Густ со лисје,
Моите влажни очи
Трепкаат.
Цвеќињата се смируваат.

Една нежна рака,
Можеби слепа,
Под сонцето што пече,
Се подава кон мене.

Дојди, старо магаре, дојди.
Излеговме од градината пеш.

Превод: Никола Ѓелинчески