Ох, Керол, ќе беше Ајша, да не беше Керол
Евита Перон, да не беше Ајша
Џенифер Лопез, ако не си Евита
Ох, Џенифер, Џенифер, со прекрасна крушовидна задница

Вака си Магдалена – Магдица – Меги
Завршуваш студии по електротехника
Носиш фризура на Чироки Индијанец
Комплет со нитни и получизми и мартинки
Ноздрите ти се накитени со пирсинзи

И поради тие очила со голема диоптрија
Не ќе бидеш ништо друго, туку брачен пар Марија и Пјер Кири!