Бесшумно пристапи, протегнувајќи се преку густата жива ограда
Симнувајќи ја својата цевка точно над вратот на шишето
Како да проверува колку ракија е испиена
Капакот на куполата се крева, и оп! Млад тенкист скокна
Ги протри рацете, бидејќи виде дека стигнува чашка и за него
Во една мала градина—рај, околу 1991 пред Исуса Христа

Војната наскоро се сведе на приказна, всушност на неговата поплака —
Што му требало да се жени, наскоро ќе добие дете
Се зафркнал при толку понудени можности
Коишто, несомнено, ги овозможува слободниот ергенски живот
А излезе дека жената повремено си ја дели со нејзината помлада сестра

Но, наскоро дојде и вториот тенк, беше груб и бесен
Бликаше од лутина со силно турирање од аналниот отвор
Тој веднаш го урна шишето ракија, се нафрли врз мене
Се обиде од мојата прегратка да го оттргне женетиот
Војував за него, се борев, додека момчето, полупијано, се потсмеваше
Но, сè беше залудно, бидејќи старешината, мајорот според еполетите
Го одвлече од маста и го втера, го напика како вреќа низ куполата
И повторно отидоа риејќи со гасениците по тротоарите, патиштата и
полињата
Оставајќи ме сам, со прегрнато шише, иако мислам
Дека претходно сум бил прегазен и сплескан како плескавица
Повеќе не слушнав како тенковите се тркалаат еден по друг
Сè подалеку и подалеку од мене, грмејќи во правец на следната иднина.