Од каде се вдаде тој снег во Сараево во средината на мај?
Се чини времето ги поприма лошите навики на луtето.
Нештата се повторуваат, велат мажите во кафеаната.
Балканот е набабрена вена,
која Европа ја засекува на неколку десетлетија,
за да ја пречисти застарената крв.
Најважните нешта почнуваат од пазарот,
на почетокот и на крајот на векот на еден немирен пазар.
Исто како пролетта, која секогаш доаtа во петок
и избира кафеана со тркалезни маси,
каде смислата на секоја премолчана мисла
се гледа отсекаде,
исто како наumте невини раце
на средината од масата,
штитејќи го папокот на светот.
Превод: Никoла Кукунеш