Како што орачот, веселата душа земска,
Додека ја влече браздата и го фрла семето златно,
Сред зима, по мразот, во пресрет И оди
На плодната жетва
и на плодот зрел што сјае
На гумното замислено, носејќи го во куќата своја.
Сега смирен, во врвот на бранот што се заканува,
Без страв од силата на морето побеснето
И ветерот пред кого отстапуваат сите срца ненаситни,
На крајот од патот тежок здогледува азно неброено.
Како што војник стасит, јурејќи кон дожд
Од стрели, и не ги чувствува и не ги гледа рните свои,
Туку ита кон венецот на победата, божествениот,
Така и ние што ползејќи, му приоѓаме Нему,
И не отстапуваме ни со самата смрт,
И се држиме до патот тесен што води
Во живот, не се предаваме лесно.
Запгго, како пгго првиот , како-годе, трпејќи труд,
Се враќа дома со раце празни без родот заслужен,
А вториот, неретко, иако посветен на едрото свое,
Во средба И оди на карпата, или на рид некој, под вода,
Така и третиот ќе го изгуби животот и тогаш кога ќе ги совлада
И кога ќе ги победи сите противници славни!
Па и ние, сега утешени со богатство вечно,
пгго растеме, себе фалејќи се, во неволјите
Наши, се сеќаваме на синџирите тешки, на раните
Неизлечиви и лекот таинствен,
Но не од билјето земско, туку од зборови
Што дотекле од небесата, зашто не го држи раката
На лекарот прост, туку вечноста што капе
Од усните на Пророкот –
Запгго сето ова што окото го гледа е траг од знаци
Лажни. А тоа што не го гледа сега бива работа
Вечна, богатство што води кон спасение вечно!
Превоg: Нштла Кукунеш