На земјотресот и цунамито: Јапонија, 11. Март 2011
– за Жртвите

1.
Жал и шок
гнев на боговите морски
11. март 2011
далги довлечкани на плеќи биволски
гргаат кон нас ко планини надвиснати .

Ние, човечки суштества
толку кревки и беспомошни
пред каприцот на великиот Нептун
ние сме Јона, кого го голтна китот
пловиме на Ноевата арка без едро.

2.
Црно цунами
ти што ни ги ништеше
некогаш спокојните села
ни го грабна народот
си играте со нас ко играчки, злодуси едни.

Тајфуни и бранови цунами
земјотреси и други катастрофи
уште од дамнина
бескрајна злоба носат
за навек да останат наши предизвици.

3.
Јапонија, архипелаг од вулкани
сред морски води
толку брзи што поради нивниот гнев
живееме среде небо и земја
во молитви за среќни дни.

Нè мавале,
па ојачани
застануваме непрестано
никогаш поразени
царството на ѓаволот; најсуровото море.

4.
Нападнати и до смрт претепани
сепак стануваме
непрестано
судба ни е за навек
предизвици да ни се вечни.

Исчезнати и загубени
сé уште трагаме по родителите
челадта, дружината
огништата им се урнаа
од нивните кораби ни траг.

5.
Богови мои на небото
така сме ситни ко мравки и бубачки
што в рака може да нé зберете
животчиња мали, и топли.

Една древна јапонска сказна вели
да се помолиме за спокој
на бурното море со браништа високи
самата принцеза Ототачибана-химе15 се завети
и се фрли во водениот амбис
нека одново се роди
за да и ја врати вербата на Јапонија.

Задоволни и среќни
благодарни на вашите топли срца
помошта на Јапонија; за нас
круг од нас нека е за навек на Земјава
и за навек да е за нашиот вечен спокој.