Ми остана ли време
да ѝ речам
Добровечер мамо
се вратив
со куршум во срцето
и тоа ли е мојата перница
за одмор?
И мамо
ако затропа војната
кажи
тој се одмора
Превод: Марија Петровска