Никој не знае зошто живеам како тишина
Никој не знае зашто го кријам
немирот во срцево кога ставам леб на маса
Ах, макијавелиски свету со старите детски песнички зајмени од ѓаволот
Го претворам во поезија сиот ќотек што ми го даваш, гледај како
стиснувам заби во четири-алифен* калап,
и кога зборовите венат и ме оставаат нем,
дома снемува струја за кратко
како „остра болка“, фраза што некој друг веќе ја смислил.
Никој не може да не знае оти
часовниците ни се навиени на фатаморгани кога сме сред пустината,
на пурпурни цвеќиња кога сме во планините.
И пред да најдам оаза на планината, пештера во пустината
се фатив самиот како врзувам во клопче сè што љубам,
престорувам сè што би замислил во ништо.
Како поклонета маица која ми ги истакнува очите,
како виолината на Торели,
како некогаш син некогаш зелен разочарувачки каталог
шетам меѓу вас…
Може ли никој да не знае кое прашање да му го упати на животот
Никој не се преправа дека знае
Освен темноплотите мажи, писови на уста со дробови полни катран,
занаетчии кои удираат по сопругите и по наковалните со ист ритам,
силеџии кои немаат кого да обвинат за неурамнотежената им младост,
хипстери кои успеваат да се застрелаат в нога секој можен пат
Никој не знае дека е време да се спуштат ролетните
па на одењето скришум во рацете на љубените или во бескрајната ноќ,
тргаме уште една црта на нашиот ремен на осаменост,
свечено изјавувам: време е.
Одлично време за прошетка, совршено време да се умре.
Никој не знае зошто живеам во туѓа кожа
Ролетните, затворени се сега.
Превод: Горјан Костовски