Ти давам
роза на чување – во доверба на небото
кое гасне, ти ја давам фараоновата
војска вткаена помеѓу
зрелите портокали; носи ги,
во санскритот на квечерината. Еден по еден,
фрли ги на гробот на мајка ми –
во ладната гардероба, право во сржта на знаењето;
во неизвесноста, откажи се од моментот на
замисленост, од оние мумии и скарабеи –
срце кое не се грижи за издивнувања,
сеедно, бега помеѓу куќите. Тука
не го стигнува тлеењето на изгасениот отсјај.
Раздвоен, во паѓање, повторно го фаќа влекачот;
Не постои страв. Опашот расте. Скапоцениот камен,
што се скрил во устата, чека. Се отвора
прозор. Мајка ми навлегува низ
преградите. Ковчегот се отвора.Од работ,
рагу на Небото и Пропаста на Јов;
Бог ги гледа и твоите зеници: се друго,
не вреди да се спомене.