Ветрец
Маглата на реката расте
Се спуштаме по падините на ридот Пјер Лоти
на мртвите муслимански гробишта
Над гробовите се раѓаат јасмини азалеи
паѓаат лиски од Јудино дрво
Слабо чукање под нештата
Една црна мачка се приближува
ми преде в нозе
смртта
милното лице на мртовецот
кој додека беше жив се викаше
дедо Рафаел лежи таму
пареата –можам да ја видам — минува низ нивните гробови
му мрднаа ли усните? Други мачки
се приближуваат можеби некогаш биле
Сервет Хасан пирати
османлии некое момче паднато
при прославите на Галатасарај
Мојот пријател го пие ова кафе
не предвидува дека потоа
ќе го растрбуши рак
Портокаловите цутови сплеткани меѓу надгробните плочи
ќе го спознаат ’рѓосаниот срп на градинарот
Плочникот е лизгав
Мјаукање скриено во тревата
Само Алах е моќен арапското писмо посочува
На крајот од реката метеж бурка
оцртани очи: Улицата Истиклал
Превод: Никола Ѓелинчески