Никогаш не ме биваше за живот. То ест,
за практичен живот. Ама откако сме заедно, ме понесе
секојдневието, чудесниот тек на саатите,
деновите и ноќите, трансформацијата на очајот

во трпеливост на бескрајни ритуали.
Ќе купам кревет, голем да собере тројца,
за во него да водиме љубов. Ги гледам
наредени кошулите и чевлите, оти ти

толку убаво се дотеруваш, та морам и јас.
Ги откривам мистериите на перењето и пеглањето.
Толку е мекичка чистата облека.

А најголемиот триумф е готвењето на ручекот!…
Му се опирам на секојдневието какво што е со строг
дух на неопходност. Но секој ден е бескраен…

Досега непознатиот допир на нештата
ја пробива нежната кожа на човекот. Овој универзум

се вика жена…
Учам за зборувам конкретно:
Не се птици, туку ластовици и црвеношијки,

не се цвеќиња, туку каранфили и ружи…

 

Од англискиот превод на Ерика Џонсон Дебељак