Додека небото во ноќта останувајќи само
Размислува,
Зошто се овие ѕвезди?
Зошто се појавува овој глас во темнината на мојата душа?
Ако стивнат гласовите
Што останува
Освен неподносливото гушење што тлее по мојата душа?
Ако во еден миг повторно се помести ѕвездата Северница,
Дали рибарот ќе го погреши патот,
Дали пастирот ќе си го заборави свирчето?
Ни едното ни другото,
Ништо не може да ми ја промени вистината.
Јас сум сонот на вселената
Кога човекот ќе се разбуди од сонот што го сонува,
Токму тогаш ќе види дека мракот е зад него
Превод: Ајлин Емин Скоро