Заборави ме!
Те молам да ме заборавш
Зашто сакам да сум слободен
Сам, со подвижните rробипrrа
На мојата душа
Преполна со сенки
Кои исчезнуваат
Оставајќи го моето тело
Без потпорна точка.
Не мисли повеќе на мене
Замини и заборави ме
Вреди да се слушне крикот
Поттикнат од стравот на празнината
И од окото на сеќавањата
Се додека дождот не ги заборави
Дрвата и старите статуи
Милувани од своето
Од пустината и од песокот
Ние нема да го трпиме повеќе
Присуството на сенките.
Зошто ти ме одбра мене
Како потпорна точка
Ако твојата осаменост е само сон
Со мирис на едно слатко заробување?
Заборави ме!
Сега си речиси сама
Како идеја во која
Не можеме да се сокриеме.
И ако некогаш твоите солзи
Потечат од моите очи
Повикај ме
Затоа што само ехото ќе ти одговори.
Превод: Надица Николоска