Ќе ти ја раскажам
омилената приказна.
Онаа за огнот:
Го сретнав огнот в шума
огнот ме здогледа
ме гледаше со светкави очи
приближувајќи се поблизу
топлината топлеше
од жолти раце
лицето црвено
тој застанува и прашува
ќе дојдеш ли со мене в шума
дојди со мене низ дрвјата
низ тревата
низ ридовите
под земја, рече огнот
со уста полна корупка од дрва
со глас полн цветови
и јас се согласив
појдов со него во мракот
јас водам ти следи ме, рече огнот
**
еве ти еден плач што прска
тој ти е потребен
ако некој проба насилно да влезе
тогаш ќе го пуштиш плачот да прска
ќе ги оставиш солзите диво да танцуваат
како капки во фонтана
ти давам еден залипан плач
тој може да те опседне
кога најмалку очекуваш
(и тешко се запира)
ти давам и еден брат за да го мразиш
(наследството ти следува како дел од односот меѓу браќа и сестри)
нема место за тебе на оваа слика, ти велам
мора да застанеш на свои нозе
крвта од сите други стапала залепено ми тежи
затоа не можам
вели детето
не, велам
не ќе да е тоа
нешто друго е
нешто помало
ти тежи
можеби некаква распукана омраза
можеби тоа можеш да го исцелиш
Превод: Јасминка Марковска