Ништо за болката
Освен
тоа што се засолнува како напалена мадона
и на најнежниот импулс
се стиснува и ме прегрнува
Едно кученце кое гледа од зад дрвото во близина
Ништо не го чисти струпот на залечена лузна
Си спие и удобно се сместува
со нозете испреплетени
неговата пуста тишина ми ја мрзне снагата
Ме руши и ме фрла
Циркуски слон
истрениран од еден исушен Индиец
Зуењето на комарците ја диригира мелодијата
по полноќ
Премиерата на кошмарот
модната писта
Прикажани фигури
без лица ме посетуваат
на сводот на таванот
Превод: Никола Ѓелинчески