Никогаш да не порасне во мојата утроба
овој привиден спокој наречен скептицизам.
Да побегнам од порокот,
од цинизмот,
од непристрасноста на собраните рамена.
Секогаш да верувам во животот
секогаш да верувам
во илјадниците бесконечни можности.
Измамете ги од мене песните на сирените,
мојата душа секогаш да има трошка простодушност.
Никогаш да не заличи мојот епидерм
на кожата од еден непоколеблив, ладен
дебелокожец.
Да плачам сé уште
за невозможните сништа
за забранетите љубови
за девојчинските разрушени фантазии.
Да побегнам од ограничениот реализам.
Да се зачуваат на моите усни песните,
бројните и многу бучните песни со многу акорди.
Во случај да пристигне доба на тишина.
Превод: Марија Петровска