Најстудената ноќ од зимата.
Ако ноќва не е таа ноќ
ќе ја изгубиме контролата врз зимската територија.
Сечилото на ветрот ги остри краевите на Парк Авенија.
Подземјето е замрзнувач за стотици ларви.
Нивните тела биле закопани и покриени со плочници
додека спиеле.
Малечки ларви се свиваат кон своите опашки,
додека анаеробичните ноќни стражари бодат дупчиња во нивните бели меки
тела.
Безимени гробови.
Ќорсокак како алвеоли.
Без разлика колку се влошува распаѓањето поради студенилото,
сокови се цедат од ларвите.
Непрекинато, основата на Парк Авенија се разјадува.
Преплашени од звукот на рушењето
од длабоко под земјата,
цврсто се прегрнуваме.

Превод: Никола Ѓелинчески