Миговите доаѓаат и заминуваат, посетуваат
Како лекарот патронажен.
Брзо преслушуваат со стетоскоп,
За да утврдат,
Каква е општата ментална состојба
На уметноста што постојано живее на туѓа сметка
И поради тоа е неприродно, вечна.
Миговите многу разговорливи не се. Офелија-мила…

Ниту се пожелни во искушението ако си
Слаб на блесоците на светлината.
Тогаш се поптпираат врз спонтаноста
на страсното крцкање на јазикот,
На неговите звучност и молк,
А часовите помагаат да се види,
Колку е некој слаб, некој запуштен, некој луд
И се бричи во нив за да им се додворува на розите.