32
сè ќе биде во ред кога повторно ќе верувам во тебе, вели.
знам дека е неповратно. довербата и вербата никогаш
не се враќаат во истата состојба. врската станува условена.
сомнежот останува неизвлечен.
ја загрнувам со дебело и широко ќебе
за близината да не стане дополнителна туѓост – неопфатлива туѓост на два темни
копнежа.
75
ова е воена уста. висиме на куки: не како уметници, не како циркусанти, не сме
кукли од фантазија.
ова е воена уста. еве ја таа уста. никаде нема месар за да не
спушти.
само муви се лепат на мократа крв.
86
не сакам да се натпреварувам. уште помалку со мртвите, а камоли со мајките.
мојот глас се раствора де во ликер, де во азбест.
меѓу гробови, кипариси, и оргазми.
моите образи се истанчени. не сакам да се натпреварувам. што да правам со
мртвите,
што со мајките?
златна вообичаена варијанта: златен ископан ров до себе.
90
ако заедно изградиме куќа, да имаме одделни влезови: за секој од нас огледално
уредување. ако живееме заедно, да бидеме одделени: за десет години најмалку, кога
ти ќе најдеш нов човек за тебе. за секс, за спорт, за рекреација, за инспирација.
ако живееме заедно, мора да сме нежни еден кон друг. мора да ги залиеме пукнатите
коски.
никоја од нас не смее да си ги скрши забите валајќи се во калта и одбројувајќи луѓе.
ако сме заедно и кога не сме заедно.
Превод: Дарко Спасов