Кога на мапа го гледам
езерото Бива навистина
има форма на бива овошје*
нека свири бива-харфата**
нека свири шо-флејтата

Кон езерото
песна пеам
брановите толку сини
на сенките на воините самураи
небесни девојки нека им играат

Езерскиот ветар ми ја дува косата
брз е бродот што плови
брановите се двојат во белина
чувствувам како ветарот студен
потсирнува песна стара

 

*Бива овошје, исто така познато и како јапонска мушмула (заб. на прев.)
** Јапонски инструмент (заб.на прев.)