Далеку под
длабоката сина река е
небесната змија
се витка и витка
во засолништето

светкајќи
заслепувајќи ја површината
го одразува сонцето
реката е моја
со моето срце тече

колку крстови
колку часовници
однесов до реката
за струјата без брзање
да ме слави
*Едо е старото име на Токио, каде владеел шогунатот Токугава од седумнаесетиот до првата половина на деветнаесетиот век. (заб.на авторот)