Расцутените цреши растат во гроздови
На брегот сега е пролет
Го преминав мостот
Прашувајќи се
За храмот на Башо на која страна?

До храмот на Башо конечно стасав
мал е
но многу црвени знамиња се вејат
свет е
продуховен е

името на областа Фукагава
името на реката Сумида
звучат носталгично
ме потсетуваат
на далечните денови на Башо