Кому ќе ги дадеш денес твоите стихови, несреќен Катуло?
На чии бутови ќе го одмориш погледот? Чии колкови ќе се обвиваат
околу твоите раце
чии брадавици и чии усни ќе ги гризеш неуморно сè додека не ти
здосади?
Заврши ја болната пантомима. Отсекогаш била Лезбија,
неверојатен поету, драг пријателе,
непробојна тврдино.
Зошто да се сеќаваш на нејзината рака со расцветани јасмини или
оние тивки воздишки
што му звучат топло на твојот слух?
зошто да зборуваш за љубов или за посакување ако таа е слика за
себе?
зошто да се сеќаваш на неа и да ѝ посветуваш долготрајно место во
сеќавањата? Зошто Катуло?
Зошто?
Нека твоите стихови престанат да се движат околу нејзините
фармерки, припиената блуза,
нека се навикне твоето тело на оваа тешка осаменост апсурдна и
незрела,
нека нејзиното име и нејзината фигура како палма и поглед на
гладиола се изгубат, малку по малку,
неизбежно и неповторливо,
во невистинито и болно
одење и враќање на деновите.
И на никој не му е важно дали се викала Дениса, Клодија или
Валентина
што е важно кутар Валерио Катуло? Што е важно?
Превод: Марија Пандева