Пауните се прашни –
жедни.
Дошле сега до предградијата
во потрага по вода.
*
Сизиф шета во секој град.
Немој да ми речеш
оти си мислел дека има само еден –
заглавен во мит.
Само види, тој е насекаде.
*
Еден доктор ми кажува
Се чувствувал како Сизиф.
„Секогаш одново од нула“, вели.
А што е со оние кои немаат ништо?
Се навикнуваат ли некои да бидат Сизиф?
*
Во некои градови
Толку многу деца се раѓаат глуви
Зашто мажите се женат
За ќерките од сестри им.
*
Во овој град нема доволно мршојадци
да ги изедат мртвите.
А да не се премногу мртви?
Гавраните напорно работат
да се изеде она што го одбиле мршојадците.
Но гавраните се премали –
не можат да ги доколваат лешевите до крај.
Гавраните расфрлаат
делови од тела насекаде.
Прсти од раце, нозе, парки човечко месо
рашлакани по балконите
на живите.
Превод: Ана Топенчарова Коваческа