Се спрепнуваат и не влечат за краевите на ракавите
Не фаќаат за крагните, тргаат
А ние мислиме ветрот е
А нас толку ни се спие
А тие не креваат од постелите.
Ни наредуваат да стоиме мирно,
А супата остинува во чинијата,
Виното се претвора во оцет
Ги молиме да не остават на мир
Ги молиме да смекнат побрзо,
Секој во својот череп
Сѐ е, објаснуваме, смекнато
Дури и паролите за коишто паднавте
Што, по ѓаволите, чекате
Ги молиме да ни дозволат
живот без одмазда
Во одвај закрпена татковина
Конечно ги преколнуваме
Да не нѐ надживуваат веќе
Не се работи за тоа
Постојано да се враќаме на истото
И да го наплатуваме веќе наплатеното
И не станува збор за тоа
Дека можеме да заборавиме
Она што не знаеш да заборавиш
Мора да промениме, прво, себе
И сите тие мртовеци во себеси. Никој
Не посакува да биде нивни вечен отпадок