Постојано се прашувам
Колку животни приказни има човекот
И која од нив е лажна
Топлите чувства кои беа заборавени со години
Како е чувството повторно да се мисли за еден град
Претворањето на морето во црвено
Изгубените од тортура
Патиштата со колци
Истиот и различниот идентитет што го имаме
Рушејќи се градот врз нас
Заедно со улиците и сокаците
Голтајќи ги навиките на луѓето
И менувајќи ги имињата на улиците
Кој би верувал во магија
Во гатање на вода, на долгорочните депозити
Се разбира дека верувам само во себе
Вербата која е непроменлива
Јазикот што се состои од гестикулации и погледи
Последното од десетте заповеди
Јас немам дозвола поврзана со општеството
Рацете ми се врзани позади
Мене ми доликува
Монтирани љубови и среќни бракови
Чекајќи во мирните води на животот
Како децата на директорите ја поминуваат училишната година
Всушност ова е мојата љубопитност
Чепкање во нос
И играње доктори
Не се лажете, веќе долго време сум сам.
Превод: Ајлин Емин Скоро