Како да беше сѐ доживеано претходно
Ги знаевме патиштата пред да ги поминеме
Зборовите кои ќе се кажеа веќе беа запишани
Оладените тела ќе ни бидат несреќни
Мали делчиња од животот и непотребни детали
Беа во склоп на нашето знаење
Но, ништо не можевме да промениме
Овој живот вака ќе заврши
Чекајќи да се смириме по секој кошмар,
Има само една реченица на која се приврзуваме
„Децата што јадат оган
Умираат пред да ги достигнат дваесеттите години“
Превод: Ајлин Емин Скоро