Некаде, постои златноопашеста птица,
потполно расфрлена,
највеќе во сонот –
светлина за светото срце,
што пее само ноќе,
за сè што во
духот нема дамка,
слободно и
благост за увото,
без тело – пее
само белината на умот.
За неа, одвај се знае
само толку, дека е
невидлива. Тоа го вели
времето во кое
таа опстојува –
Секој, кој ќе го чуе
нејзиното пеење,
станува Поет –
било стар,
или млад,
повикува на лицето насмевка,
секогаш чујна,
иако нема,
трае од искона,
со златен клун,
чучурика во градината,
останата во Рајот по Изгонувањето.