За да се прослави телото, толку сочинето од сегашноста
за да се прошират маргините и да се обединат
со бескрајниот круг на животниот сок
си ги бараме потамина контурите
за да ја споиме ненаселената кожа
со светиот џагор на животот.
Ти ме гледаш исполнет со она што го сковало задоволството,
носејќи ми ја крвта кон изворот
и желбата потрошена до крај.
Не постои поточен сврзник
ни поголема јасност во материјата
од која сме создадени.
Овој блажен спој составен од внатрешност,
е постојаната артерија на потомството.
Само оној кој бакнал знае дека бакнежот е бесмртен.
Превод: Марија Петровска