Сите црвени камења во светот
намачкани се со Господовата крв.
Поради ова црвените камења
нè учат на детството.
Кога бевме деца, Господ
шеташе покрај нас.
Ќе нè допреше по обетката
И по ѓерданот.
Се криеше и се претвораше во девојче
влегувајќи во нашите чевли и панделки.
Треба да купам црвен фустан и постела
Еден црвен прстен
И ламба.
Тогаш треба да е времето,
Времето на мајката кога почнува и завршува.
Тој што чека знае да биде крв
Знае да биде и камен.
Болно е да постоиш во овој свет. Го научив ова.
Црвена темница
Сина темница
И почеток
Сето ова мора да има некои објаснување,
Дека нема да нѐ напуштат , нашите мајки и Господ.
Превод: Ајлин Емин Скоро