Си го видел ли древното слово на Свети
Андреја? Заради Христа јуродивиот,
Кој, како столб orneн, блескав,
Минуваше крај кулата која ја подигаше
Царот Константин.
А кога се отвори небото, како што се
Отвораат простите врати земски,
Од него се разлета јато ластовици.
И гулаб, снежнобел, што, во клунот,
носеше златно ливче маслиново,
Спуштајќи го на главата на светиот,
Зашто срцето му беше во светлоста.
На светлото Божје, на земјата,
За кое не знаеше никој,
Се додека не пројде низ местото
На шаторот дамнешен, до домот Божји!
До Таткото свој, благодарен што го
Научи да каже –
Прости!
Превод: Никола Кукунеш