Зошто доаѓаш тука. Зошто си овде. Што правиш. Што правиш овде. Која си ти.
Како се викаш. Што сакаш. Што мислиш. Што посакуваш. Што сакаш. Зошто
стоиш овде. Што чекаш. Како се викаш. Каде е твојата Мајка. Каде е твојот
Татко. Што работи тој. Што работиш ти. Што сакаш. Што јадеш. Јадеш ли месо.
Јадеш ли риба. Јадеш ли зачинети јадења. Јадеш ли полесни јадења. Здрава ли
си. Од што си болна. Кои болести си ги имала. Можеш ли да читаш. Пишуваш
ли. Можеш ли да свиркаш. Кој јазик го зборуваш. Англиски. Германски.
Португалски. Разбираш ли дански. Што сакаш. Каква облека сакаш. Те
интересира ли секс. Тажна ли си. Што правиш. Зошто стоиш овде. Зошто ништо
не велиш. Што сакаш. Што сакаш да правиш во слободното време. Сакаш ли да
се капеш. Да пливаш. Нуркаш. Планинариш. Да фаќаш краби. Ракови. Што
сакаш. Се скијаш ли. Од Сконе ли си. Гестрикланд. Смоланд. Јемтланд. Од каде
си. Која е твојата омилена боја. И зошто. Зошто стоиш овде. Кога дојде. Гладна
ли си. Сакаш ли колачиња. Сакаш ли ќотек. Сакаш ли кур. Сакаш ли забава. Што
сакаш. Зошто не се смееш. Која си ти. Каде живееш. Зошто стоиш. Што
размислуваш. Што сакаш. Создаваш ли. Песни. Мелодии. Свириш ли некој
инструмент. Сакаш ли патувања. Од каде доаѓаш. Задоволна ли си. Зошто не се
смееш. Кога доаѓаш. Кога заминуваш. Што сакаш. Колку чиниш. Кој плаќа.
Колку јадеш. Какви ти се забите. Стомакот. Нервите. Што сакаш. Кој ќе плати.
Каде живееш. Каде спиеш. Која си ти. Што сакаш. Мене. Нас. Зошто дојде овде.
Знаеш ли каде си. Зошто не. Што сакаш. Какви болести ќе добиеш. Креативна
ли си. Што сакаш. Надразнета ли си. Кога дојде. Зошто стоиш овде. Како се
викаш. Што сакаш. Зошто глумиш. Колку долго мислиш да останеш. Носиш ли
постелнина.
Превод: Ивица Челиковиќ